Стејт департментот на САД нуди стипендии за средношколци од Македонија да го посетуваат Benjamin Franklin Transatlantic Summer Institute 2016.
Институтот ќе го посетуваат 45 ученици од Европа (по еден апликант од секоја земја) и 10 Американци.
Активности на институтот се дискусии за глобалните проблеми од јавен интерес, лидерство и медиа тренинг, развој на заеднички проекти, едукативни патувања и планирање на идни активности.
Летната школа ќе се одржува од 25 јуни до 23 јули.
Апликантите мора да се на возраст од 16-18 години и да имаат одлично познавање на англискиот јазик. Сите услови за пријавување може да ги најдете овде.
Пријавувањето трае до 13 март.