Грижата за студентите и центрите за нивна поддршка во состав на факултетите стануваат се поважни при регрутација на новите студенти. Ако до неодамна знаењето беше главен предуслов во изборот на факултет, се чини дека конкуренцијата и модерното време ги менуваат работите.
Универзитетот во Кардиф го препозна овој тренд и отиде еден чекор понапред. Преку анимирано видео, чиј наратор е познатиот актер и комичар Стивен Фрај, Универзитетот покажа што им се нуди на тие што ќе одлучат да студираат во Велс.