Во Планетариумот во МКЦ вечер (вторник, 20 декември) ќе се пуштаат трите албуми од проектот „Стој, После!“ на младиот музичар Мартин Џорлев.
„Дојдете да слушаме музика и да гледаме ѕвезди“, стои во најавата.
Во продолжение агендата и инфо од организаторот за настанот:
19:30 – 21:35 Умре ти, се родив јас
21:35 – 21:50 пауза
21:50- 23:20 Шшш…Свиданија? / Во ноќта градот го врти својот грб на сонцето
ЗА ЗДРАВЈЕ:
-Слушањето ќе е прилично маратонско, ако сакате да останете за сите албуми земете си вода, нешто удобно за носење и бидете спремни да гледате нагоре (често гледаме надолу)
-Ако сте биле претходниот пат и сакате да дојдете само за вториот и третиот албум, можете слободно да дојдете околу 21:30, или ако сакате да останете само на првиот албум и потоа да си заминете, ќе има 15-минутна пауза меѓу двете проекции
-По почнувањето на проекцијата е опасно да се отвара вратата поради тоа што е многу темно и може да се повредат очите на оние веќе во просторијата, затоа вратите се отвараат во 19:30 за сите да се сместат и проекцијата почнува во 20:00
Ќе има околу 30тина сликички од куќичката од првиот албум со бендкемп кодови за првиот албум и екстра албум со демоа и 10тина честитки во форма на куќичката – можете да си земете со своеволна донација]
Влезот е бесплатен, карти може да се подигнат во билетарата на МКЦ.