Неформалното здружение на граѓани „Стоп за грабежот” за денеска, напладне, најави протест против како што велат, сите кои го ограбуваат народот и сите кои го поддржуваат истиот грабеж. Овде ги споменуваат извршителите, нотарите, креаторите на високи банкарски каматни стапки, корумпираните судии, нефункционалниот судски совет.
Протестот е замислен со возила, пореди безбедност, но според организаторите, може да се учествува и пеш со дистанца.
Маршутата започнува со Министерство за правда, покрај Собрание, Олимписки базен, па до комплексот судови.
Ова здружение во неколку наврати излегуваше на протест минатата година упатувајќи поплаки за извршни решенија од извршители. Тие беа револтирани од работата на извршителите и одново побараа да се исполнат нивните барања, како запирање на блокирањето на сметките, ограничување на времетраењето на наплата на долгот и регулирање на застареноста на долговите.