„Стоп за потиснување на студентскиот глас“ – УСС УКЛО ги поддржа студентите во Србија

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола (УКЛО) им испрати силна поддршка на колегите од Србија кои, како што велат, веќе неколку месеци се борат за своите ставови и убедувања.

„Стоп за потиснување на студентскиот глас. Секој глас заслужува да биде слушнат, секоја борба заслужува да биде почитувана. Студентската сила е таа што ја движи промената. Поддршка за нашите храбри колеги во Србија!“, напиша УСС УКЛО.

Како што истакнаа, студентскиот дух е вреден, бунтовен, прогресивен и кадарен и поради тоа студентите се двигатели на најголемите општествени промени.

„Колеги, ве гледаме и се восхитуваме, од УСС УКЛО ви испраќаме силна поддршка!“, порачуваат оттаму.