Сторија за Мајкл Бендер – секој месец нов предизвик за спас од досадата

Мајкл Бендер минатата година си постави 12 предизвици од кои секој траеше по еден месец . Верувале или не – тој успеа сите најави да ги исполни , а со тоа и да докаже дека се е можно, но ако се има доволно волја за тоа . Неговите предизвици беа невообичаени, од учење француски, до исфрлање на телевизорот од домот, секојдневно веслање кајак или медитација, па дури и резолуција дека во текот на цел месец ќе разговара со луѓе кои не ги познава.

Новогодишни ветувања

Мајкл Бендер има само 24 години, а  успеа во она во што многу луѓе не успеваат –  да си постави цел и да ја исполни.

„Наместо да си давам новогодишни ветувања, кои обично не се исполнуваат, одлучив да поставам задача за секој месец. Кога ќе ја погледнам годината зад мене , можам да кажам дека сум многу горд на себе си. Секој ден правев нешто различно и со тоа излегов од шемата на секојдневно“, вели младиот човек.

Ова се целите кои Мајкл ги оствари во 2013:

Јануари

Почетокот на 2013 година бил резервиран за прекин на гледање телевизија, кога Мајкл издржа цел месец без да погледне во програмата. Покрај тоа, јануари одеше во теретана секој ден.

Февруари

Вториот месец беше за медитација, по еден час секој ден.

Март

Мајкл одлучил да јаде месо секој ден иако бил вегетаријанец дури 15 години.

„Март ми беше тежок месец, ми се гадеше од вкусот на месо, но се навикнав. Сега сакам месо“, вели Мајкл.

Април

Учел француски јазик по еден час од секој ден .

„По запознавање со францускиот јазик , решив да одам во Париз за да го усовршам. Тоа беше убава искуство“, вели Мајкл.

Маj

Ди дал на себе си задача секој ден да запише 500 зборови во нотесот.

Јуни

Секое утро се будел во шест часот наутро.

Jули

Секој ден со кајак одел на работа.

Aвгуст

Цел месец не испил ниту една капка алкохол.

Септември

Мајкл разговарал со луѓе кои не ги познава секој ден по најмалку десет минути.

„Им изгледав како чудак на сосема непознатите луѓе на улица, но на тој начин запознав навистина прекрасни луѓе“, објаснува младичот.

Октомври

Земал часови по пеење секој ден.

Ноември

Секој ден пливал по еден километар.

Декември

Тој зборувал со своето семејство и ги обновил врските со познаниците и пријателите со кои ги  изгубил контактите. Секој ден се слушал  барем со еден од нив.

Мајкл заклучува дека најлесно е да се биде дел од рутината, но и дека само малку волја може да не спаси од досадните навики. И ова не е крај – тој си постави нови цели во 2014 година, а како тече нивното исполнување може да се следи преку неговиот профил на Твитер –@mikebandar.

Извор