Бомбардирањата на безбедносните сили на сириската влада усмртиле најмалку 100 лица, меѓу нив и 20 деца во областа Источна Гута, предградието на Дамаск кое е контролирано од бунтовниците, пренесуваат тимови на спасувачи и претставници на мониторинг мисиите, јавува ББЦ.
Вчерашниот ден претставува еден од најсмртоносните во областа откако е под опсада од 2013 година.
Сириската Цивилна Заштита, спасувачката организација препознатлива под називот „Белите Шлемови“, изјавиле дека бомбардирањето продолжило и утрово.
На почетоков на месецот сириските борбени сили презеле офанзива за враќање на областа под контрола на владата. Источна Гута е еден од последните упоришта на опозициските бунтовнички сили во близина на главниот град и се наоѓа опколено од борбени сили под контрола на владата на сирискиот премиер Башар Ал Асад.
Претставници на Обединетите Нации повикале на прекин на бомбардирањето, додавајќи дека ситуацијата излегува од контрола.
Источна Гута, каде живеат скоро 400 илјади луѓе, минатата недела ја прими првата хуманитарна помош по скоро три месеци.