„Истражување на личните емоции преку музика, доловувајќи уникатни аспекти на човечкото искуство“.
Вака стои во воведниот опис за албумот „Fine Wounds“ на Кузман Маркоски (Kuzman), музичко парче од четири теми објавено под закрила на „Стотројка“.
Звукот на Kuzman се движи меѓу алтернативното, амбиенталното, мрачното, кинематографското, влече влијанија и од Вангелис…
„Со внесување елементи од светот на 80-ите, киното и барокните влијанија, се постигнува карактеристична и волшебна фузија, евоцирајќи чувство на носталгија, одржувајќи го современиот шмек“, се вели во инфото за албумот.
Инаку, Kuzman е музичар и аудио-визуелен уметник со седиште во Скопје. Со искуство во класичните методи, тој ги усоврши своите вештини како композитор, терминист и дизајнер на звук.
„Ова многу очекувано издание доаѓа две години по неговиот деби соло албум ‘Collective Zero’ кој го означи првиот полет на Kuzman во светот на студиските албуми како соло изведувач, по неговиот успешен мандат со берлинскиот бенд ‘The Protagonist’ и соработката со реномираниот продуцентот Герет Џонс на проектот ‘OLAL’. Со непоколеблива страст за музика и посветеност на својот занает, тој продолжува да истражува нови сонични пејзажи и да експериментира со иновативни музички пристапи“, стои во инфото од албумот објавен за „Стротројка“.