„Д- фестивал“ најави викенд журка со споделување на најдобрите настапи на македонските артисти од минатите изданија на фестивалот.
Наместо трите фестивалски денови кои традиционално се одржуваат во јули, организацијата на „Д фест“ направи онлајн фестивалска програма која ги содржи препознатливите настапи на „Страјк“, Кирил Џајковски, „Конкоринг лајон“, Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски и Горан Трајковски.
Концерите во дадените термини ќе може да се проследат на Фејсбук страната на фестивалот.
Овогодинешното издание на фестивалот е одложено за 49 дена подоцна од првично закажаните датуми, па фестивалот ќе се одржи од 21 до 23 август.