Осмото издание на фестивалот Vox Feminae во Загреб започнува в понеделник (10 ноември) со проекцијата на филмот за Џесика Мос, виолинистката на бендот Thee Silver Mt. Zion Memorial Orchestra. Фестивалот го промовира женското творештво и ги прблематизира прашањата за родот преку филмската програма, промоции на книги, изложби, работилници, дискусии и концерти, а дел од фестивалот се и Tiiit! Inc. од Скопје, кои пред загрепската публика ќе го претстават фестивалот „Прво па женско“ и ќе изведат женско мапирање на Загреб.
Годинава Vox Feminae е посветен на страшните жени кои со своето делување носат несопирливи и позитивни општествени промени. Дел од филмската програма е и музичко-документарниот филм за Бјорк, Biophilia Live, како и филмот за Рае Мос, My Prairie Home и нејзиното животно патување низ родовата транзиција.
Од предавањата може да се издвојат разговорите со една од водечките американски авторки на подрачјето на родовиот идентитет, Кејт Борнстин, потоа разговорите посветени на Дона Харавеј и нејзиниот „Манифест на киборгот“, феминистичко читање на делата на Ивана Брлиќ Мажураниќ, како и претставувања на проекти на бројни хрватски и регионални колективи и организации кои ги водат жени.
Фестивалот се затвора на 14 ноември со настапот на Planningtoroc во Погон Јединство. Vox Feminae ги промовира ангажираните и креативните пракси на жените во уметноста, медиумите, културата, граѓанското општество. Повеќе информации за фестивалот може да се погледнат на следниот линк.
Е.Д.