Стрип Трип Фестивал започнува утре, на програмата презентации и изложби од домашни и регионални стрип автори

Првото издание на Стрип Трип Фестивал Скопје започнува утре (17 јуни) во Младинскиот културен центар, а ќе трае до недела (18 јуни).

Програмата за првиот фестивал посветен на стрипот ветува дискусии и презентации за најнови домашни и регионални стрип изданија, изложби на стрип цртачи, работилници за цртање стрипови за деца, џем сесии и најважно, како што велат организаторите, берза на стрипови.

Деталната програма може да ја погледнете во продолжение:

Организаторите за несебичната поддршка и помош за настанот им се заблагодаруваат на стрип книжарницата „Бункер“ и издавачите Стрип Квадрат и Тошо Филиповски. Дизајнот за настанот го изработи уметникот Гоце Илиевски, а фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје.