Додека во Струмица трае карневалската недела, „Positive vibration crew“ заедно со кафе „Емпори“ на 8 и 9 март организираат дводневен настан наречен „Strumica psychedelic carneval“.
Првата вечер ќе се врти техно, а најавени се Меги од BTKRSH/Code XX, како и резидентите Николов и диџеј Доктор. Влезот е бесплатен.
Наредната вечер во „Емпори“ ќе се одржи психоделичен транс настан до раните утрински часови. На листата на настапувачи се најавени Psoma, Dea Purpurea, Meto Seeds и Kumadelic. Домаќини ќе бидат диџеите BugzyOm, Frakty и GoaMoa.
Предвиден е и УВ декор за целосно психоделично искуство.
Цената на влезницата за втората вечер е 200 денари.