„Бидејќи надлежните никако не успеваат да најдат решение за струшкото „чудовиште“, а згора на тоа, општина Струга распиша и нов тендер за одржување на депонијата, од денес почнуваме со кампања на телефонски јавувања до нив“, стои во повикот на граѓанската иницијатива „Доста“.
Тие ги повикуваат сите жители кои се засегнати од овој проблем, да го искажат својот револт јавувајќи се до надлежните на следните телефонски броеви:
Општина Струга – 046 781 335, 046 781 223, 046 782 015
Министерство за животна средина и просторно планирање – 02 3225-237
Директор , Државен иснпекторат за животна средина – 02 3220-157
Сектор за локална самоуправа и управно надзорни работи – 02 3251-572
Кабинет на министер за МЖСПП – 02 3251-402 – Шеф на кабинет
Сектор за комуникација со јавноста на МЖСПП – 02 3225-237
Независно од иницијативата, револтиран граѓанин синоќа фрлил ѓубре на влезот од општината.
Општина Струга неодамна распиша јавен повик за доделување на јавна набавка за одржување на дивата струшка депонија. Овој пат во износ од 5 милиони денари.
Од „Доста“ реагираа бидејќи според нив, ова значи дека локалните и централните власти планираат да продолжат да ја користат дивата струшка депонија, а со тоа и населението ќе продолжи да се трујат.
„Ние како иницијатива ќе ги искористиме сите можни механизми да делуваме со цел затворање на сегашната дива депонија и определување локација која би била побезбедна за одлагање отпад. Воедно апелираме до сите Вас активно да се вклучите и да го искористите вашето знаење и влијание да делуваме кон решавање на проблемот“, велат од иницијативата.