Тибетски студент се самозапалил на 17 септември во градот Хезуо во североисточната кинеска провинција Гангсу, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Слободен Тибет“ со седиште во Лондон.
Ова е прв случај на самозапалување во последните пет месеци. Многу Тибеќани ги обвинуваат кинеските власти за верска и културна репресија, но Пекинг тврди дека тие имаат целосна верска слобода.
Пекинг истакнува дека вложил големи средства кои на Тибет му донеле модернизација и подобри животни услови.
Во знак на отпор кон кинеската управа на Тибет од 2009 година се самозапалија околу 130 Тибеќани.
Извор: МИА