„Студент во автобус“- иницијативата на струмичките студенти и средношколци

Преку иницијативата насловена „Студент во автобус“, студентите и средношколците од Струмица бараат да се воведе попуст на автобускиот билет на релацијата Струмица – Скопје – Струмица, од страна на струмичката транспортна компанија „Струмица Експрес“.

b57af9b71eb22e9444b6a784bb199425_L

Интернет петицијата ќе биде отворена за граѓаните до 31 октомври, по што ќе биде доставена до управата на „Струмица Експрес“.

„ Како во светот, посебно во Европските земји, така и во Република Македонија, за среќа се почесто станува пракса студентите да се третираат како посебна категорија на млади лица кои имаат големи трошоци, а мали примања и потребна им е помош. Пример е железничкиот превоз во Македонија, каде студентите со годишен надомест од 160 денари можат да извадат студентска картичка, со која се во можност во текот на цела година да патуваат со студентски попуст од 50%. Друг пример е акционерското друштво „Галеб“ од Охрид, кое на студентите им дава попуст од 40% на автобуските билети“ , соопштија иницијаторите на петицијата.

Тие ја поздравија активноста на компанијата „Струмица Експрес” за воведување голем број линии и по неколку автобуси во ист термин, но се надеваат дека ќе излезе во пресрет на студентите како нејзини најредовни патници.Петицијата се спроведува „онлајн“, со тоа што секој може да го внесе своето име, презиме и адреса на живеење на следниов ЛИНК.

Извор: СтрумицаНет