Што е во фокусот на младите за иднината, што активната дипломатска агенда за 2023 година значи за земјава и македонските приоритети во рамки на Претседателството со ОБСЕ, беа темите на разговор на денешната средба на помеѓу студенти и Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Од Министерството за надворешни работи (МНР) истакнуваат дека за време на отворениот ден, студентите покрај тоа што одблиску се запознале со деталите на работата на МНР, имале можност да погледнат каде се носат одлуките за важните теми од областа на меѓународната политика.
„Дипломатијата не е само работа, тоа е начин на живот кој бара емпатија, креативност и храброст. Како идни лидери, вие имате клучна улога во обликувањето на подобра иднина за сите и верувам дека ова искуство ќе ви помогне да станете посвесни, информирани и поодговорни глобални граѓани“, изјавил Османи пред студентите.