Студенти ќе настапат со Македонската филхармонија на концертот „Звукот на идната генерација“

Традиционалниот концерт „Звукот на идната генерација“ на Македонска филхармонија на кој ќе настапуваат студентите од државните факултети за музика ќе се одржи во четврток (13 јуни).

На концертот ќе настапат Емилија Богоевска – виола, Јана Каевска – флејта, Дарко Кулевски – хармоника, Александра Кировска – гитара, Ивана Здравкова – виолина, Нина Крагуевска – кларинет и пијанистките Ана Гаштаровска и Искра Атанасова Митуш под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, заедно со оркестарот.

„Програмата содржи комплексни и инспиративни дела од Хофмајстер, Мартен, Зубицки, Кастелнуово-Тедеско, Сарасате, Бетовен, К. М. фон Вебер и П. И. Чајковски“, наведуваат од Македонска филхармонија.