Студентите во четврта година на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ) на отсекот актерска игра на 25 октомври ќе ја играат претставата „Кралот Иби“, а сите собрани средства ќе ги донираат за загрозените во поплавите што на почетокот на месецов ја зафатија Босна и Херцеговина.
Во претставата играат сите студенти во класата на д-р Сузана Киранџиска, Мина Јелушиќ Јериниќ, Андреј Димовски, Марија Бреслиска, Христијан Ристески, Ангела Лефкова, Димитар Паскоски, Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Марија Талеска, Талија Ѓорѓиева и Марко Младеновиќ.
Акцијата, како што пишува босанскиот медиум „Real Media Plus“ е на иницијатива на студентката Мина Јелушиќ Јериниќ.
Влезниците за претставата нема да се наплаќаат по одредена цена, туку секој ќе може доброволно да остави донација.
Во поплавите што се случија ноќта меѓу 3 и 4 октомври животот го загубија над 20 луѓе. Оттогаш во регионот беа организирани бројни акции за помош, а акцијата на студентите од Скопје е последната во низата.
[Видео] Катастрофални поплави во Босна и Херцеговина, најмалку 14 загинати