Студенти од над сто колеџи во Америка ќе излезат денеска на улица да протестираат против зголемената школарина и ќе побараат бесплатно високо образование.
Барањата на студентите обединети во движењето „Марш на милион студенти“ се бесплатно високо образование, укинување на школарината за студентите и покачување на платата на вработените во кампусите.
Една од организаторите на маршот, студентката Keely Mullen од Североисточниот универзитет во Бостон, вели дека маршот треба да направи економска и политичка промена.
„Нашата држава ја напушти својата одговорност да ги учи идните генерации. Денес се соочуваме со курикулум кој отсликува корпоративна агенда, огромни универзитетски школарини, масивни студентски долгови, како и образовен систем кој страда поради кратењето на буџетот и стандардизирани тестови“, вели Mullen.
Маршот беше најавен на социјалните мрежи и според интерактивната мапа објавена на официјалната Фејсбук страница за маршот, досега се вклучени повеќе од 100 колеџи.
Под хаштагот #millionstudentmarch студентите објавуваат фотографии на социјалните мрежи од подготовките за престојниот марш.
Making posters for the #MillionStudentMarch ✊🏾✍🏽 pic.twitter.com/N1I5WCsC6o
— WPU YDS (@WPU_YDS) November 12, 2015