Група студенти од Загреб, организирани преку социјалните мрежи, започнаа хумана акција – собираат здрава храна за луѓето кои се без дом и кои живеат на работ на егзистенцијата. Покрај контејнерите во главниот хрватски град студентите оставаат кеси со храна и со порака:
Акцијата на неколкумина студенти се развива преку социјалните мрежи.
„Сите сме понекогаш гладни, уморни и беспомошни. Се надевам дека ова малку храна ќе го разубави денот“.
„Често ги гледав бездомниците (ги има многу, не сте свесни), но и со луѓе кои имаат покрив над главата, но немаат за храна, долго размислував што може да се направи за барем малку да им се олесни и помогне. Имавме идеја да ставиме кутии за храна на неколку места во градот. Но, Градска чистота веднаш ги отстрануваше тие кутии“, вели студентка која учествува во иницијативата.