Шестнаесет студенти и студентки од различни факултети изработија дигитални решенија за подобрување на работата на факултетот/универзитетот каде студираат. Решенијата се протегаат од унапредување на состојбата со студентското организирање, па се’ до овозможување на полесно справување со административните процедури на универзитетите.
Решенијата беа изработени на тридневниот студентски хакатон за изработка на дигитални алатки кои се одржа изминатиов викенд. Младински образовен форум (МОФ) ги покани студентите сами да бидат дел од решението на проблемите што ним најмногу ги засега.
МОФ смета дека дигитализацијата на образовните услуги во Северна Македонија е процес што во некои сектори, училишта или универзитети се одолговлекува, иако е неминовен за денешницата. Оттука, студентите се најдобро запознаени и најтангирани од застарените практики на универзитетите кои веќе оддамна требало да се дигитализираат.
Победничкиот тим ќе има можност да ја презентира својата дигитална алатка пред претставници на релевантни образовни институции на јавната дискусија што претстои.
Хакатонот се спроведи во рамките на проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги”, поддржан од Фондација Метаморфозис преку проектот за Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA, ко-финансиран од Европската Унија.