Студенти создаваат лак за нокти што менува боја во допир со „дрога за силување“

Студенти од Државниот универзитет во Северна Каролина дојдоа до идејата да создадат лак за нокти што ќе менува бои кога ќе стапи во контакт со т.н. „дрога за силување“.

enhanced-10090-1408915655-21

Лакот за нокти наречен „тајни бои“ се претставува како првата модна компанија што им помага на жените да спречат сексуален напад, иако се уште е во процес на создавање.

enhanced-9942-1408921197-1

Четворицата млади иноватори се решиле на ваков чекор бидејќи секој од нив лично познава некој што бил сексуално нападнат.

„Ние размислувавме за големите проблеми во нашето општество, а темата за олеснетите напади со „дрогата за силување“ е првото нешто на кое се сетивме. Секој од нас бил близок со некој кој досега доживеал вакво искуство и ние се решивме да се фокусираме на превентивни решенија, особено оние што ќе можат да бидат интегрирани во производи што жените ги користат“, објасни тимот.

Студентите објаснуваат дека за да има ефект сепак потребно е девојките да го стават нивниот прст во пијалокот.

Студенти создаваат лак за нокти што менува боја во допир со „дрога за силување“

Оваа идеја се прослави откако тимот освои награда од 100 000 долари на натпревар за иновации во Северна Каролина каде ги освоија симпатиите на многумина инвеститори.

Извор: Вuzzfeed