Студентите многу се плашат да зборуваат за мито

Истражувањето на Белградската отворена школа за перцепцијата на корупцијата на Универзитетот
во Нови Сад чии резултати ги пренесовме минатата недела, покрај анкета за митото вклучува и испитување околу евалуацијата на професорите. Пишува Сања Кљајиќ, студентка на Филозофскиот факултет во Нови Сад, соработничка во истражувањето на Белградската отворена школа.

Студентите многу се плашат да зборуваат за митоЕвалуацијата е процес во кој студентите на крајот на семестарот или на крајот на учебната година по пат на анкета го оценуваат квалитетот на студиската програма, литературата, како и работата на професорите и асистентите. Проблемот со евалуацијата е во тоа што многи студенти не ги пополнуваат прашалниците, а со тоа изостануваат репрезентативн мислења. На прашањето зошто не учествуваат во тој процес, студентите од новосадскиот Филозофски факултет одговараат дека иако е тоа предвидено, резултатите никаде не се објавуваат и дека не ги гледаат ефектите од таквото оценување.

Се забележува и тоа дека ретко кој професор има оценка под 8.5, затоа што во анкетите учествуваат и студенти који „не би сакале да се замерат”, иако изјаснувањете е анонимно. Тешкотии со евалуацијата имају речиси сите факултети. Нејзина цел би требало да биде да се добијат резултати кои ќе послужат за унапредување на целиот процес на високото образование. Би требало да постојат санкции и пофалби, при што студентите сметаат дека за професорите кои добиваат високи оценки сосем доволна е јавна пофалба. Кога станува збор за санкциите, студентите најчесто се определуваат за јавна критика или за казни на платите на професорите, затоа што нивна обврска е својата работа да ја извршуваат квалитетно и одговорно.

Што се однесува до истражувањето за митото, анкетата покажува дека студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад многу се плашат за тоа да зборуваат.  Анкетирани се 80 студенти, од кои десетмина биле во фокус-групата. Студентите во голема мерка потврдиле дека постои мито на факултетот, но дека парите не се даваат директно на професорот, туку на некој од другите вработени. Обично се работи за предметите кои носат поголем број бодови и со самото тоа претставуваат услов за упис во следната година. Исто така, студентите знаат колку чини секој испит. Но, кога испитувањето дошло до цените на испитите и спомнувањето на предметите и на имињата на професорите, не сакале многу да зборуваат за тоа. На прашањето кому би пријавиле мито, студентите во најголем број одговараат или дека не би пријавиле или евентуално тоа би го направиле кај професор со кој поблиску соработуваат, на шефот на отсекот и слично. Тие не ги спомнувале ниту управата на факултетот, ниту некои други надлежни.

Студентите многу се плашат да зборуваат за митоВо фокус-групата студентите зборувале за санкциите за мито, при што биле поблаги спрема студентите отколу спрема професорите, за кои сметаат дека треба да добијат построги санкции – суспензија или дури отказ. Учеството на студентите во корупцијата го правдаат со фактот што наставниците држат предавања по стар систем, не уважувајќи ја парадигмата „студентот во центарот на учењето”. Системот на бодување и оценување се менува,  па наводно затоа тие бараат „други можности”. Меѓутоа, кај професорите кои квалитетно и одговорно ја работат својата работа, студентите никогаш не би се обиделе да се служат со мито.  Што се однесува на техниката на давање поткуп, таа најчесто вклучува предавање на одредена сума пари (300 евра) на некој од факултетот, за потоа на студентот автоматски да му се запише оценката во индекс. Воглавно однапред се добива тестот, ако се работи за писмениот дел од испитот, или испитната комбинација за усниот дел од испитот.

На универзитетот постојат и други форми на корупција: при уписот на некои факултети и кај поделбата на места во студентски дом, но фокусот на Универзитетот во Нови Сад бил на проблемите на евалуацијата и митото. Ваквото истражување ги дава рамките на проблемите и поставува специфични дијагнози. Студентските парламенти ги имаат резултатите кои можат да им послужат како инструмент за борба против проблемите кои се забележани. Со оглед на тоа дека ова не е прашање на една институција, туку на целиот систем, за конкретни решенија неопходна е поддршката на академската заедница, надлежните институции, но и на општеството во целина.

 

Сања Кљајиќ, студентка на Филозофскиот факултет во Нови Сад, соработничка во истражувањето на Белградската отворена школа.


Извор: Политика