На Факултетот за ветеринарна медицина, денеска ќе се одржи обука за идентификација и регистрација на домашни миленичиња- микрочипирање.
Обуката е наменета за студентите, а ќе се реализира во три часа, со теоретски и практичен дел, од проф. д-р Пламен Tројачанец, а ја организира Студентскиот парламент на Факултетот за ветеринарна медицина по иницијатива на Студентскиот парламент на УКИМ.
Следните две недели сите студентски парламенти на сите факултети на УКИМ ќе спроведуваат обуки поврзани со практичниот дел од својата настава. Предавачи ќе бидат професори, но и практичари, експерти од областа.
Целта на обуката е поголема вклученост на студентите во општествениот живот и нивно приближување до праксата.