Универзитетското студентско собрание при УКИМ, ШТУЛ, ФОН, АМЕРИКАН, ФОП, УКЛО, УГД и движењето „Студентски отпор“ ќе одржат марш во Скопје на Меѓународниот ден на студентите во четврток.
Студентите бараат издвојување на средства од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација.
„Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања. Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања“, се посочува во најавата за маршот.
Истовремено, студентите ги повикаа средношколците, професорите, деканите и ректорите да им дадат поддршка и да се приклучат на маршот.
Најавата за заедничкиот марш на студентите доаѓа откако движењето „Студентски отпор“ најави марш во 17 часот во Скопје, додека УСС-УКИМ, исто така најави протестен марш еден час подоцна.