Студентка која доби награда за дистописки расказ за нееднаквоста во образованието може да го изгуби местото на факултет

Џесика Џонсон, која ја добила „Орвеловата награда за млади“ за нејзиниот дистописки расказ се надева дека ќе го добие изгубеното универзитетско место.

18 годишната студентка која ја „предвидела“ овогодинешната криза во својот награден дистописки расказ за алгоритмот кој одлучува за училишни оценки според социјалниот сталеж, добила намалено поведение и е под ризик да го изгуби своето место на еден од британските универзитети.

„Јас „паднав“ поради мојата приказна. Тоа е многу лудо. Го базирав расказот според образовната нееднаквост која ја засведочив. Само ја хиперболизирав нееднаквоста и го додадов алгоритмот, но не очекував дека разказот ќе се оствари за толку кратко време“, истакнала Џонсон.

Џонсон ја добила „Орвеловата награда за млади“ во 2019 година за нејзиниот краток расказ „Разделени по тимови“, кој воедно е првото дело кое таа го напишала. Дејството на расказот е сместено во 2029 и го објаснува системот во кои учениците се групирани во тимови според нивната финансиска позадина.

„Мајка ми мисли дека можам да станам доктор. Таа не разбира колку е тешко да се влезе во „А тимот“, ако си човек како нас“, вели еден од карактерите во расказот.

Поради расказот, одличниот успех на Џонсон бил намален на четворка, а таквото намалување на просекот довело до тоа таа да го изгуби своето место на Универзитетот „Св. Ендрју“. Но сега, откако резултатите ќе бидат одново ревидирани од наставниците, таа се надева дека ќе успее да го врати изгубеното универзитетско место.

Вистинскиот проблем е во тоа што англискиот образовен систем ги наградува богатите.

„Јас доживувам голем стрес и анксиозност во последниве неколку дена. Ние сме израснати со фразите дека можеме да постигнеме сè во животот ако напорно работиме на себеси, но оваа година видовме дека без разлика колку напорно работиме, оцените ги добиваме според местото во кое живееме“, истакнала таа чекајќи ги одлуките на универзитетите.

„Џесика погледна во сржта на системот за кој таа зборува во својот расказ и нејзината приказна ја демонстрира способноста на луѓето која се чека да биде откриена“, нагласил професорот Џин Ситон, раководител на „Орвеловата награда за млади“.

Тој додал дека инспирацијата во пишувањето на Џонсон била комбинација од образовната нееднаквост со дистопискиот жанр, велејќи дека расказот е бајка која не треба да се исполни.

Извор: Guardian