Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје на 29 октомври, во петок за прв пат организира конференција на универзитетско ниво за глобални климатски промени. На неа ќе може да учествуваат студентите од сите факултети на УКИМ.
Оттаму објаснуваат дека конференцијата се организира со цел да се добие културна, социјална, интелектуална и научна надоградба на оваа тема.
„Главна цел на оваа конференција е подигнување на свеста за климатските промени кај студентите. Преку научноистражувачката работа сакаме да ги поттикнеме да размислуваат и анализираат за решенија за проблемите со кои што се соочуваме. Со ова, ние како млади чинители и идна водечка сила на општеството, одлучивме да направиме еден чекор за актуелизирање на оваа тема и будење на општата свест“, велат од УСС-УКИМ.
Настанот ќе започне во 10 часот и може да се проследи онлајн на овој ЛИНК.