По повод 50 годишнината од зачленувањето на Швајцарија во Советот на Европа, Швајцарскиот сектор за надворешни работи (FDFA) поканува 50 млади да учествуваат во едно неделната студентска посета на Швајцарија.
Посетата ќе се одржи од 1 до 7 мај, 2013 и нејзината цел е да ги запознае учесниците со Швајцарските федерални системи, институциите и активностите на Советот на Европа.
Право на аплицирање имаа сите млади со валиден пасош од една од последните единаесете земји кои се приклучија на Советот на Европа, а не се членки на Еропската Унија: Албанија, Ерменија, Азербеџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и Украина
Повеќе за конкурсот можете да прочитате на млади инфо.