Младинскиот образовен форум и Хаклаб КИКА организираат студентски хакатон на кој ќе се изработуваат апликации за подобрување на квалитетот на високото образование. Апликациите треба да им помогнат на студентите и да ја подобрат работата на факултетот каде студираат, да ја унапредат состојбата со студентското организирање, да овозможат полесно справување со административните процедури на универзитетите односно да им помогнат на студентите да влијаат на одреден проблем од високото образование.
Хакатонот ќе се одржи на 7 и 8 март 2015, и ќе трае 48 часа. Пријавувањето е во тимови, во кои треба да учествуваат најмалку двајца студенти кои имаат вештини за програмирање. Заинтересираните студенти треба да пополнат формулар во кој ќе ја објаснат идејата за апликацијата, и вештините кои ги поседуваат.
Учеството на дипломирани студенти и магистри по информатички науки е дозволено. Тимовите ќе имаат можност да работат под менторство на членовите на ХакЛаб КИКА и да се здобијат со знаења во областа на програмирањето.
Студентите кои ќе ја изработат најдобрата апликација ќе добијат награда и ќе имаат можност да ја презентираат на настанот „Енгејџ“, конференција за социјален активизам која ќе се одржи оваа година.
Апликацијата за учество (може да ја преземете ОВДЕ) треба да се испрти на маил адресата: policy@mof.org.mk.
Пријавувањето трае до 1 март 2015.