Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје распиша студентски избори на 29 ноември. На нив ќе се бираат претседател и членови на Факултетското собрание.
Тие ќе се бираат со тајно гласање, и ќе имаат мандат од една година. На 29 ноември ќе се гласа во аулата на Правниот факултет од 8:30-16:30 часот.
Изборната комисија ја сочинуваат професорката Јелена Трајковска Христовска, асистентот Денис Прешова и студентите Тамара Глушкина, Панче Патоски и Никола Германов. Тие ќе утврдуваат како ќе изгледа гласачкото ливче, ќе ја следат регуларноста на гласањето и сите работи поврзани со изборниот процес.
Кандидатите за претседател и членови се утврдуваат на собири на студентите, по години на студии при што од секоја студиска програма се предлагаат кандидати.
Правo да гласаат имаат сите студенти на факултетот запишани во студиската 2019/2010 година.