Започна пријавувањето за учество на бизнис план натпреварот во рамки на платформата за енергетска ефикасност каде може да се пријават студенти од економските и техничките факултети.
Студентите ќе се натпреваруваат со креирање на бизнис планови со интегрирани елементи на енергетска ефикасност, а целта на натпреварот е да се подигне свеста за значењето на енергетската ефикасност во секојдневнто работење и да се создаде навика овој сегмент да се интегрира во стратешкото планирање.
Пријавувањето ќе трае до 10.04.2014 година, а право на учество имаат студенти од било која студиска година кои ќе треба да се пријават во форма на тим и тоа со најмалку двајца, но најмногу шест членови (со препорака тимот да е мултидисциплинарен).
Студентите од пријавените групи ќе бидат дел од воведна обука што ќе се оддржи во рамки на Саемот за образование и наука (од 10-12 март). Учесниците на обуката ќе добијат насоки за изработка на проектите и тоа: модел за изработка на бизнис план и насоки за пресметка на енергетски заштеди.
Најдобрите три бизнис планови ќе бидат наградени со парични награди од 30.000, 18.000 и 9.000 денари.