Автентичната студентска иницијатива Студентски пленум, синоќа на својата Фејсбук страница објави видео во кое се гледа акцијата што претходно ја реализираа неколкумина нивни членови на Водно каде поставија слогани и транспаренти во знак на протест поради најавите за воведување екстерното тестирање за студентите.
Акцијата беше спроведена ден пред традиционалната студентска прошетка на Водно организирана од Студентскиот парламент.