По повод Денот на словенските просветители ,,Св. Кирил и Методиј”, во недела на 25 мај студентите ќе трчаат полумаратон на кејот од реката Вардар во должина од 21 километар.
Почетокот на полумаратонот е најавен во 9 часот, а се стартува од мостот Близнаци (во населбата Ново Лисиче) по што студентите ќе трчаат по следната рута:
Сите заинтересирани студенти на УКИМ можат да се пријават онлајн, со оставање на податоците на следниот ЛИНК. Пријавувањето ќе трае до среда, 21 мај, до 12 часот.
За првите 100 пријавени следува бесплатна маичка, а подигнувањето на редните броеви и маиците на пријавените учесници ќе се о направат еден час пред почетокот на трката на стартот под мостот Близнаци. Организатор на настанот е Студентскиот парламент на УКИМ.