Студентското организирање во земјава не функционира на многу нивоа и е проблематично бидејќи студентските претставници немаат легитимитет кај студентите. Ова се заклучоците од денешната дебата во организација на Младинскиот образовен форум „Евтини студентски приказни“, одржана на Машинскиот факултет.
На дебатата за прв пат беше промовиран документарниот филм за студентското организирање во Македонија а потоа се разви дискусија со публиката и беа презентирани повеќе можни модели за студентско организирање.
Марија Мирческа од МОФ вели дека студентските претставници не воспоставуваат контакт со студентите при процесот на донесување на одлуки.
„Студентското организирање не функционира на многу нивоа, му недостасува легитимитет затоа што изборите не подразбираат дека треба да постои извесен цензус за да бидат легитимни а изборите се секогаш проследени со нерегуларности а некогаш со инциденти“, додава таа.
Izjava na Marija Mircevska od MOF by Radio Mof on Mixcloud
Учесниците на дебатата испратија апел и за поголема транспарентност за работата на студентските парламенти.
„Имавме многу добар фидбек од дискусијата и се согласивме дека е потребна поголема отвореност на студентските парламенти кон студентите како и транспарентност за работата на овие парламенти“, вели Моника Стаменковска од AEGEE.