Студиски програми на Универзитетот Politecnico di Milano

Во Скопје ќе се одржи презентација на студиските програми на Politecnico di Milano, кој е еден од најистакнатите технички универзитети во Европа.

Основан во 1863 година, тој е најголемиот универзитет за архитектура, дизајн и инженерство во Италија, со три главни кампуси лоцирани во Милано, центарот на модната и дизајнерската индустрија, како и уште на пет локации во регионот Ломбардија.

Politecnico di Milano нуди иновативни програми на сите нивоа, со шест факултети за инженеринг, два факултета за архитектура и еден факултет за дизајн.

Презентацијата ќе се одржи во хотел Сити Парк Скопје на 2 февруари во 18:30 часот. Повеќе информации за настанот на следник линк.