„Sub bass jazz“ настапуваат во бифе „Фросина“ на 31 март

После долг период, „Sub bass jazz“ повторно ќе имаат настап во Скопје. Овој пат, велат организаторите, можеби во најидеалното место за ваков настан – бифето „Фросина“ во Младински Културен Центар.

„Доколку досега не сте ги слушнале, станува збор за фузија од диџеј сет и дувачки инструменти, а музиката е базирана на искршен ритам, варирајќи од брејкбит до драм ен бејс“, велат од „Skopje Urban Beats“.

„Sub bass jazz“ се Владан Дробицки (тромбон) и Васко Бојаџиски (саксофон) од „Сетстет“ и Трајче Петрушевски (грамофон) – Game Over.

За загревањето ќе биде задолжен Драган Станковиќ Драш (Bad Propaganda) кој ќе ја почне вечерта со длабок и ликвиден драм ен бејс.
Почетокот е закажан во 22 а крајот во 03 часот, додека влезницата е симболични 100 денари.

„После полноќ е 1-ви април, па доколку добиете желба да се маскирате вечерта, направете го тоa!“, велат организаторите.