Врховниот суд во Русија нареди затворање на „Мемориал“, најстарата организација за човекови права во земјата.
Судот нареди да се затвори организацијата според контроверзниот закон „странски агент“, со кој се таргетирани десетици невладини организации и медиуми кои се сметаат за критички кон власта.
„Мемориал“ е основана кон крајот на 1980-тите со цел да ги документира политичките прогони вршени во поранешниот Советски Сојуз, создавајќи база на податоци од жртви на Големата чистка и гулазите. Потоа оваа организација стана важен заштитник на човековите права во Русија, проширена на повеќе ограноци и иницијативи во голем дел од 80-те региони во земјата.
Во нејзината одлука, судијката Ала Назарова, вели дека организацијата е затворена поради големи и повторувачки нарушувања на руските закони за странски агенти.
Одлуката од „Мемориал“ ја карактеризираа како политички мотивирана.
Адвокат за организацијата за новинската агенција Интерфакс изјавил дека ќе се жалат на одлуката, како во Русија, така и во Европскиот суд за човекови права.