Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека на новинарот Драган Павловиќ – Латас привремено му се одзема патната исправа како и му се воведува забрана за јавен настап, со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.
Од друга страна, на инфлуенсерот и влогерот Стефан Лазаров исто така му се воведува забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.
Одлуката на судот доаѓа откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) покрена обвинение против двете лица за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Од судот велат дека оформен е предмет со кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни.