Второто издание на „Sunset Beach Festival“ ќе се одржи во сабота, на плажата Дупени на Преспанското езеро.
Како што најавуваат од агенцијата за организирање на настани „Подиум“, целодневниот настан ќе биде исполнет со музика, коктели, пиво, одбојка на песок, зајдисонце и многу забава.
На музичката сцена ќе настапат Градус Рок Бенд од Ресен, Дејан Декс од Битола и Самоил Радински од Скопје. Фестивалот оваа година започнува во 18.00 часот, а ќе трае се до 02.00 часот по полноќ.
Влезот е слободен.