„Суп клуб Охрид“ организира акција за чистење ѓубре од плажите и местата кои се достапни само по вода.
Акцијата ќе се одржи на 8 мај, сабота и е првата во сезоната.
„Полека но сигурно се враќаме на даските што среќа зрачат. Тргнуваме од плажа Канео и со СУП весламе до Лабино и Градска Плажа. Настанот е бесплатен, како и опремата и кратката обука за управување со СУП. Се што треба е да понесете е убава енергија и желба за чистење. Се гледаме за чисто езеро“, велат од „Суп клуб Охрид“.