Жените во хрватскиот град Супетар имаат причина за задоволство бидејќи управуваат со овој град и ги заземаат сите најодговорни функции, пишува Слободна Далмација.
На чело на Супетар е Ивана Марковиќ, градоначалничка, и тоа малку повеќе од две години кога граѓаните на овој град и ја дадоа довербата, што е за прв пат во историјата на Супетар клучевите од градот да се наоѓаат во женски раце.
Началничката на полицијата во Супетар е Магдалена Мириќ, што е редок пример полициската постава да биде водена од жена.
Сите судии во Општинскиот суд се жени – претседателката и три судики, како и четири судски советнички, а на чело на Катастарот за недвижности повторно се жени.
Претседателката на занаетчиите е Даница Бариќевиќ, додека водството во Земјоделската задруга исто така го презеде жена.
Националната библиотека и Културниот центар, исто така, се предводени од жени. Во градскиот Совет од тринаесет советници четири се жени, додека на чело на седиштата на Сплитската и Загребската банка, исто така се жени.
Најстариот човек на Брач е жена. Нона Евгенија Ружиќ од Сплит го прослави својот 104-ти роденден.
Градоначалничката Марковиќ вели дека е предност да се биде во друштво на успешни жени.
„Градот сведочи дека жените се во состојба да вршат тешки и одговорни работни места и да ја оправдаат својата доверба. За тоа им честитам и на денот на жените им посакуваме многу успех во работата и вршењето на нивните должности. Треба да се знае дека после тешкиот ден на работа, жените ги очекува напорна работа и во домаќинството. Сепак, жените не се жалат“, додава Марковиќ.
Весникот потенцира дека во релативно патријархална средина доминираат жените на одговорните должности и функции, додека машките граѓани на градот се навикнале со овој факт, бидејќи тој станал нивно секојдневие.
Извор: Слободна Далмација