Вечерва во киното Милениум се затвора уште едно успешно издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија”.
Програмата што ја понуди фестивалот во изминатите пет дена, на младите учесници од категориите +10, +13 и +16 години им овозможи на интересен и забавен начин да дознаат повеќе за себе, за другите, за пријателството, филмот и културата воопшто. Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмската култура Џифони – М во рамките на фестивалот ги вклучija и децата од Домот без родители „11 Октомври“. Дваесет и пет деца од Домот денеска бесплатно во киното Синеплекс ќе го проследат филмот „Exit Marrakech“, а уште 20 деца заедно со младите 10+ ќе ја посетат Кинотеката на РМ и гледаат филмот „The Great Bear“.
Свеченото затварање најавено за 20 часот во кино „Милениум“ ќе биде посветено на младите кои се креатори на фестивалот, нивните дела и самостојни креации создадени на работилниците во Џифони и на хуманитарна акција за децата од Домот без родители „11 Октомври”.
„Младите дел од Џифони Македонија ќе ја покажат својата хуманост како највозвишена човекова особина преку донација на средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на своите дела и креации создадени во текот на петте фестивалски дена и преку самостојни донации“, соопштија од „Џифони Македонија”.