Од 19 петок до 21 октомври во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе се одржи настанот „Кавадарци снима“.
На него, со режисерот на филмот „Avec L’amour“, и здружението „Кажи кога“, учесниците ќе имаат можност да учат како се снима со камера и како да се раскаже видео приказна. Сите заинтересирани треба да резервираат место на kazikoga@gmail.com.
Присутните ќе дискутираат, гледаат филмови и ќе снимаат. Да го раздвижиме духот на младите и на Кавадарци, порачуваат организаторите.