Планетата Земја има три години да почне да прави значајни намалување на емисиите на стакленички гасови, или да се соочи со опасно глобално затоплување, предупредуваат експертите во истражување објавено во престижниот научен весник Nature.
Повикувајќи ги светските лидери да бидат водени од научните докази наместо „да ги кријат главите во песокот“, тие велат дека „цели екосистеми“ веќе почнуваат да колабираат. Летниот морски мраз го снемува на Антарктикот, а коралните гребени изумираат од жештините.
Светот би можел да емитира доволно јаглерод за да го надмине поставениот праг на Парискиот договор од 1,5 до 2 степени, доколку моменталните нивоа продолжат, додаваат научниците.
Глобалните емисии растеа со огромна брзина, но стагнираат во последните години. Експеритите, водени од Кристиана Фигуерес, која е извршен секретар на Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации, вели дека мора да почнат рапидно да опаѓаат најдоцна до 2020.
„Годината 2020 е особено значајна за друга причина, која има многу повеќе со физиката, отколку со политиката. Доколку емисиите продолжат да растат после 2020, или да останат на истото ниво, температурните цели поставени во Париз ќе бидат неодржливи“.
Човештвото моментално произведува околу 41 гигатон јаглероден диоксид секоја година, но доколку се оствари целта поставена во Париз, таа стапка мора да се намали.
„Доколку моменталната стапка на емисии остане на исто ниво, ќе треба да ги спуштиме на нула откако ќе стигнеме до одредено ниво. Таков чекор не е во ничиј интерес. постепен пад ќе и овозможи на глобалната економија време да се адаптира соодветно“, пишуваат во текстот.
Тие велат и дека сите земји мора да воведат планови за постигнување на 100 проценти обновлива енергија, истовремено осигурувајќи се дека пазарите се смислени за да обезбедат експанзија на обновливата енергија“, додаваат.
Заклучуваат дека „секогаш имало политичари кои си ја криеле главата во песокот и ги игнорирале глобалните ризици на климатските промени“.
„Но, има и многу како нас, посветени на надминување на оваа инерција. Треба да останеме оптимисти и да делуваме храбро заедно“.