Детскиот креативен центар во МКЦ во соработка со издавачката куќа „Чудна шума“ на 28 мај во 17 часот на платото пред МКЦ организираат креативна работилница – Светот на „Бушава азбука“.
Се работи за работилница за деца од 6 до 8 години во времетраење од час и половина.
Активности за работилницата се: читање на делови од книгата „Бушава азбука“, разговор, толкување на непознатите зборов; развивање на имагинацијата на децата со играње креативна игра со букви; и креирање на сопствена творба (цртеж, комбинација на цртеж и текст, стрип).
Едукатор е Билјана С. Црвенковска, писателка, сценаристка, уредничка во издавачката куќа „Чудна шума“ и едукатор за деца и млади. Авторка е на книги за деца и за возрасни, меѓу кои и приказните од „Светот на Биби”.
Работилницата е бесплатна и поради тоа бројот на учесници е ограничен, а пријавувањето е задолжително, на електронска пошта: biljana.crvenkovska@gmail.com