Станува сè поверојатно дека границата на глобалната температура ќе биде достигната во наредните пет години, пренесува „БиБиСи“.
Обемно истражување предвидува дека до 2025 година постои шанса од 40 отсто дека годините ќе бидат потопли за 1.5 степени од прединдустриското време.
Токму таква е долната температурна граница која е поставена според Парискиот договор за климатски промени.
Ваквиот заклучок е објавен во извештај од Светската метеоролошка организација. Во минатата декада, беше проценето дека шансата годините да бидат потопли за 1.5 степени е 20 отсто. Извештајот е базиран на истражувачи кои работеле во 10 различни земји ширум светот, вклучувајќи ги САД и Кина.
Според новиот истражување, шансата за затоплување сега е 40 отсто, наместо 20 отсто.
Леон Хермансон, еден од научиците кои учествуват во истражувањето вели дека компаративно анализирани, температурите забележуваат висок раст кога се споредени со температурите од 1850 до 1900 година.
„Ова значи дека ние се приближуваме кон затоплување за 1.5 степени – сè уште не сме стигнале, но се приближуваме. Времето брзо истекува и мораме да воведеме итни промени“, изјавил тој.
Истражувачите посочуваат дека доколку некоја од наредните пет години е потопла за 1.5 степени над прединдустриското време, тоа ќе биде моментално затоплување
Ова може да значи дека наредните неколку години ќе бидат за нијанса поладни, а за една или две декади границата од 1.5 степени ќе биде засекогаш премината.
Според Парискиот договор, глобалната температура не треба да порасне над 2 степени, а светот се труди да не ја надмине границата од 1.5 степени. Овој договор е постигнат на подолг период, не само за една година.
Според Џоери Рогељ, водечки истражувач на Институтот „Грантам“ во Лондон, растот од 1.5 степени од новото истражување, не треба да се меша со оние 1.5 степени кои се поставени како граница во Парискиот договор.
„Парискиот договор е насочен кон глобалното затоплување, односно растот на температурите во светот откако ќе се анализираат годишните варијации. Доколку само една година е потопла за 1.5 степени не значи дека париските граници се достигнати. Сепак, заклучоците од нашето истражување носат лоши вести. Истражувањето уште еднаш докажа дека засега, климатските акции се недоволни и емисиите на штетни гасови итно треба да се спуштат на нулата за да се запре глобалното затоплување“, изјавил тој.
Во моментов, се предвидува дека дури и со скорешните намалувања на штетните гасови, светот веќе ита кон затоплување од 3 степени
.
Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас, изјавил дека резултатите од истражувањето се многу повеќе од статистика
„Со употреба на важни научни вештини, истражувањето покажува дека опасно се приближуваме до долната граница поставена во Парискиот договор. Ова е само уште еден повик дека светот итно море да ги скрати емисиите на штетни гасови“, додал тој.