Милиони луѓе со години секојдневно користат емоџи во преписките со најблиските. Сликите кои го променија начинот на комуникација на почетокот од 21 век веќе имаат свој ден кој се одбележува – 17 јули.
Во прославата на Светскиот ден на емоџито се вклучија Фејсбук, Твитер и Инстаграм, социјалните мрежи кои придонесоа за нивната популаризација.
Покрај нив, и платформите како ВатсАп, Вајбер и Месинџер се местата каде се одбележува нивната огромна употреба.