Понекогаш светот изгледа толку наопаку, толку неповратно збунет и бизарен, што едвај имаме зборови за да го опишеме, но, за среќа ги имаме „емотиконите“, пишува „Си-Ен-Ен“. Светскиот ден на „емотиконите“ се слави од 2014 година, секогаш на 17 јули.
Секое поголемо историско случување влијае врз јазикот и комуникацијата, а коронавирусот исто така влијаеше на начинот на кој луѓето ги користат „емотиконите“. Доколку мора да изберете еден „емотикон“ за да ја опишете моменталната ситуација со коронавирусот и го изберете , односно, ликот со медицинска маска, вие сте дел од мнозинството.
Веб-страницата „Емоџипедија“ која го документира значењето и вообичаената употреба на емотиконите, анализираше кои емотикони биле најчесто вклучени во разговорите за коронавирусот. Одговорниот лик кој носи медицинска маска бил на прво место, но луѓето исто така го користеле и мачниот лик, ликот што повраќа, ликот што кива и ликот со термометар.
Моментално постојат 3.304 мали пиктографи во „Уникод стандард“, вклучувајќи ги и дополнителните 117 емотикони кои се дел од овогодишниот 13-ти пакет. Според „Емоџипедија“, пет милијарди емотикони се користат на Фејсбук Месинџер секој ден.