Кафе-книжарницата „Буква“ утре од 17 часот ги поканува сите љубители на Скребл и Макскребл на буквашки собир по повод Светскиот ден на Скребл – 13 април – според роденденот на авторот на оваа најславна светска „астална“ игра со зборови, Алфред Мошер Батс.
„На настанот ќе имаме прилика да ја играме и оригиналната Сребл, но и нејзината македонска верзија (Макскребл), која е вистинско мало чудо!“, велат од „Буква“.
Од таму посочуваат дека добредојдени се што повеќе табли, така што, сите скребловци и скребловки – да си понесат во „Буква“.
По збороредењето, од 20 часот следува друг настан: промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска („ПРОаЗА“, Или-или).