Светскиот фонд за природа (World Wide Fund for Nature – WWF) објави дека планираат да продаваат уникатни токени (НФТ) за да собираат донации за нивната конзерваторска работа.
Од Фондот велат дека преку акцијата „Токени за природата“ тие ќе можат да соберат средства и да ја подигнат свесноста за 13 од најзагрозените животински видови.
Покрај уникатните уметнички дела, донаторите ќе имаат и можност лично да присуствуваат на работата на Светскиот фонд за природа во заштита на горилата и орангутаните.
Just 24 hours to go… ⏳
Our #WWFTokensForNature focus on 13 endangered species 🐼🦧🦍
Releasing our NFTs on the eco-friendly @0xPolygon blockchain, each transaction has the equivalent carbon emissions of a glass of tap water.
Join the discussion: https://t.co/T6l20zFpnA pic.twitter.com/urFOjZRDE7
— WWF UK (@wwf_uk) February 2, 2022
Сепак, нивната акција предизвика бран незадоволство на социјалните мрежи, па дури и закани од луѓе дека ќе ги прекинат своите донации до Фондот и ќе престанат да ја следат организацијата доколку го реализираат овој план.
„Неверојатно глупаво“ и „Ужасна одлука“ се само дел од критиките на луѓето онлајн, кои сметаат дека НФТ технологијата има штетно влијание врз екологијата.
Слично како и криптовалутите, најголемиот дел од НФТ-ата се „произведуваат“ или верифицираат преку блокчејн технологијата на Етериум. Оваа технологија е заснована на голема компјутерска мрежа која троши огромни количини енергија.
Од Светскиот фонд за природата посочуваат дека нивните НФТ-а ќе бидат дел од „еколошката“ верзија на Етериум, наречена Полигон. Оваа платформа тврди дека нивниот блокчејн има минимално трошење на енергија. Според нивните пресметки, една трансакција има јаглероден отпечаток еднаков на една чаша вода.
Пит Хосон, предавач на британскиот Универзитет Нортумбрија, вели дека е тешко да се вклучиш во НФТ сферата без да си ги „извалкаш рацете“, дури и ако користиш „еколошки“ блокчејн.
„Полигон ги регистрира трансакциите на Етериум, блокчејн технологија која има јаглероден отпечаток како Шведска. И, да, вие и понатаму ќе плаќате за овие НФТ-а со „валканите“ криптовалути“, вели тој за Еуроњуз.